
Владата утре, 13 август, ќе одржи свечена седница по повод одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
Свечената седница ќе започне во 11 часот и ќе се одржи во Свечената сала на Владата.
Како што е најавено, на седницата ќе се обратат Беким Сали, прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, и Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт.
Настанот ќе биде отворен за медиумско следење, а граѓаните ќе можат да го проследат и преку директен пренос на официјалните профили на Владата на „Фејсбук“ и „Јутјуб“.
Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година, со што беше ставен крај на вооружениот конфликт во земјата. Годинава се одбележува четврт век од неговото потпишување.


