Претседателот на МОК Даниел Димевски се сретна со Макрон

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски е во Париз каде дава поддршка на македонските спортисти на Летните олимписки игри.

Денеска, Димевски имаше кратка средба со францускиот претседател, Емануел Макрон. Макрон даде поддршка на македонските спортисти на игрите во Париз и им посака многу среќа.

Од македонските спортисти свој настап уште останува да имаат Милијана Релјиќ во таеквондо, Владимир Егоров во борење и Дарио Ивановски на маратонската трка.

Треба да знаете
Последни објави