Мисајловски положи цвеќе по повод 2ри Август

По повод денешниот празник „2ри Август, Илинден”, министерот за одбрана, Владо Мисајловски заедно со министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство, на европски прашања, и на јавна администрација, Цветан Трипуновски, Орхан Муртезани и Горан Минчев положија венец со свежо цвеќе во Меморијалниот центар посветен на Првото заседание на АСНОМ во Пелинце. Венец со свежо цвеќе положи и началникот Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата по повод денешниот празник положија венци со свежо цвеќе на спомен обележјата на првиот Претседател на президиумот на АСНОМ, „Методија Андонов Ченто”, споменикот на „АСНОМ” и пред споменикот на Никола Карев пред македонското собрание во Скопје и на гробот на Никола Карев, споменикот „Слива” и на Мечкин Камен во Крушево.

Треба да знаете
Последни објави