Search

Македонија со едно полувреме добра игра не можеше да ја победи Естонија

Македонија квалификациите во групата „Х“ за пласман на Европското кошаркарско првенство кое ќе се одржи во 2025 година ги започна со пораз пред своите гледачи од Естонија (69:74). Во полната сала „Кале“ македонските кошаркари одиграа добро прво полувреме кое го добија со седум поени предност (43:36) и лошо второ, во кое се повреди и еден период беше надвор од паркетот Ненад Димитријевиќ, што гостите знаеја да го искористат да забележат триумф во можеби „решавачкиот“ меч за третиот патник на завршницата од групата на евробаскетот. Македонија одигра катастрофална трета четвртина, во која постигна само 10 поени, што ги врати естонците во водство после подолго време. Естонија во последната четвртина влезе со водство од четири поени разлика (53-57). На стартот од последниот период, вистински пех за Македонија. Ненад Димитријевиќ при еден доскок се повреди и мораше да го напушти теренот, но најдобариот македонски кошаркар собра сили и се врати на теренот во финишот, но не помогна и за пресврт. На 100 секунди пред крајот на мечот, Естонија имаше највисоки 10 поени предност со што беше навестен победникот. Најефикасен во македонскиот состав беше Димитријевиќ со 25 поени, а новиот натурализиран репрезентативец, Американецот Итан Хап, мечот го заврши со 18 поени. Двоцифрен беше и Стојан Ѓуроски со 10 поени. Следниот натпревар од групата Македонија ќе го одигра в понеделник против Полска, на гостински терен во Сосновјец, со почеток во 18 часот.

Треба да знаете
Последни објави