Search

Надал успешно стартуваше во Рим

Рафаел Надал имаше успешно деби на Мастерсот во Рим.

Моментално 305. играч на АТП листата по пресврт и по два часа и 47 минути игра успеа да го совлада Белгиецот Зизу Бергс – 3:6, 6:3, 6:4.

Ривал на Надал чија кариера е при крај во второто коло ќе биде седмиот носител, Хуберт Хуркач од Полска.

Публиката ќе има можност да проследи барем уште еден натпревар на десеткратниот шампион во Рим.

Треба да знаете
Последни објави