Search

Борусија ќе прифитира на „Вембли“

Настапот на англискиот фудбалски интернационалец Џуд Белингам на финалето на Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид ќе биде посебно и со измешани емоции. Младиот Англичанец на домашно тло во Лондон, во дресот на Реал Мадрид, најтрофејниот тим со „европски круни“, ќе се обиде да стигне до својата прва титула во ЛШ, а 15. за „кралевите“ и тоа во пресметката со клубот за кој играше минатата сезона – Борусија Дортмунд. Трансферот на Белингам од Борусија во Реал не е затворен. Во договорот има клаузула дека ако Белингам ја освои ЛШ во својата прва сезона со Реал, шпанскиот тим треба да му плати на клубот од Дортмунд бонус од дури 25 милиони евра. Ако пак Борусија стане европски првак, од УЕФА би заработила 20 милиони. Германскиот тим секако дека ќе има поголем натпреаврувачки мотив од финасискиот, но доколку пај неуспее на „Вембли“ на 1 јуни да го крене пехарот со „големите уши“ тогаш утеха ќе му биде полната каса.

Треба да знаете
Последни објави