Search

Галант најавува уште најмалку два месеца интензивни борби

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан денеска изјави дека откако ќе заврши привременото примирје со палестинската милитантна група Хамас, армијата ќе продолжи со интензивните борби најмалку уште два месеца.

„Она што ќе го видите во наредните денови е првото ослободување на заложниците. Овој одмор ќе биде краток“, рече Галант.

Обраќајќи им се на војници од поморската единица командоси, Галант им наредил да се подготват за продолжување на борбата за време на паузата.

„Она што се бара од вас за време на паузата е да се организирате, да се подготвите, да истражувате, да испорачате оружје и да се подготвите да продолжите. Ќе има продолжение, бидејќи треба да ја финализираме победата и да дадеме поттик за следните групи заложници, кои ќе се вратат само под притисок“, рече израелскиот министер.

Шефот на палестинската комисија за прашања на затворениците, Кадура Фарес денеска изјави дека се уште не добил список со имињата на Палестинците кои се очекува утре да бидат ослободени врз основа на договорот меѓу Израел и Хамас.

Фарес, кој има водечка улога во планираното ослободување на затворениците, за Си-Ен-Ен изјави дека очекува утре да бидат ослободени околу 30 до 35 лица, од првата група.

Треба да знаете
Последни објави