Search

Австралија Експо повторно во Скопје – Откријте ја можноста за квалитетно универзитетско образование во Австралија

Доколку бараме синоним за најдалечна, но можеби една од најегзотичните држави во светот, меѓу првите одговори сигурно ќе се пронајде името на Австралија.

Разликите во распонот на животниот стил во една земја, како и можностите за студирање, кариера, а воедно и опкружувањето, може да варира значително многу.

Студирањето е една од најглавните раскрсници во животот на една млада личност за старт на своето факултетско образование, но секако и на повозрасните млади лица, кои имаат желба да направат промена на местото на живеење, надградба на своето факултетско образование со магистерска диплома, или пак промена на знаењето со желба за сосема поинаква кариера во иднина.

Австралија Експо (Australia Expo) на 31.05.2024 (петок), со почеток во 18:00 часот, повторно ќе се одржи во Скопје, во Скопје Мериот Хотел (2 кат). Настанот е во организација на Australian Migration Office и со поддршка од Torrens University Australia, којшто брои дури десетина различни кампуси низ Австралија, како во Сиднеј, Мелбурн, Бризбејн, Аделаида, Леура (Сините Планини).

На настанот ќе бидат презентирани практични информации и совети за студирање при овој универзитет од страна на Игор Велики (Igor Velicky), Area Manager – Europe & CIS при Torrens University Australia, а воедно и за процесот на добивање на австралиска виза, од страна на Дејан Трајковски, претставник наAustralian Migration Office од Скопје.

Универзитетот е дури на 2то место во Австралија за вработување на своите интернационални додипломци во Австралија и низ светот (согласно официјални податоци на QILT, Quality Indicators for Learning and Teaching, 2021). Универзитетот нуди широк распон на студии и факултети за дизајн, здравство, бизнис, угостителство, технологија, образование, англиски јазик, како и повисоки дипломи преку истражувачки проекти. Торенс Универзитетот за сите интернационални студенти, нуди и стипендии, кои покриваат огромен дел од трошоците за студирање на било од кампусите во Австралија.

Овој настан за прв пат се реализираше во 2016та година и на сите заинтерсирани љубители на студирањето, патувањето, инвестирањето и живеењето во Австралија, им понуди бројни опции и можности, како и корисни и практични информации и совети за кои се чекорите за реализација на истото.

Australian Migration Office со седиште во Скопје, е основана во 2005 година и успешно го гради своето долгогодишно искуство во професионална помош при аплицирање за визи за Австралија, вклучувајќи иселенички, студентски, туристички и други визи.

Дејан Трајковски е официјален регистриран австралиски агент за имиграција при канцеларијата за агенти за имиграција во склоп на владата на Австралија (https://www.mara.gov.au/) и е официјален регистриран австралиски агент за образование при QEAC Australia.

Агенцијата Australian Migration Office членува во бројни реномирани институции и организации во Австралија. Членува во Australia Tourism и ја поседува титулата „Aussie Specialist“, а воедно и членува во професионалните асоцијации Алијансата за Миграција (Migration Alliance) и Институтот за Миграција во Австралија (Migration Institute of Australia).

Kако земја, Македонците многу jа познаваат Австралија, бидејќи може да се каже дека скоро секој Македонец има роднина или пријател кој е заминат во Австралија.

Австралија е економски напредна земја, позната по својата уникатна недопрена природа, Улуру, најголемиот монолит во светот, Сините Планини, 12-те Апостоли, Големиот Корален Гребен, разновидните егзотични животни, па и по браќата актери Хемсворт, од кои Крис Хемсворт е и дел од бројните бренд амбасадори за Australia Tourism при промоцијата на оваа земја низ светот. За присуство на настанот и поради огромниот интерес, а сепак лимитираните места, би Ве замолиле да се регистрирате ТУКА: https://forms.gle/ERERVW56CD6NpedA8

Треба да знаете
Последни објави