Search

Две третини од Американците стравуваат од можно насилство по изборите

Двајца од тројца Американци велат дека се загрижени дека изборите меѓу демократскиот претседател Џо Бајден и неговиот републикански претходник Доналд Трамп на 5 ноември би можеле да бидат проследени со политичко насилство, покажува новото истражување на Ројтерс во соработка со Ипсос.

Резултатите од истражувањето на 3.934 возрасни Американци укажуваат на загриженоста на американскиот народ дека може да има повторување на немирите што следеа по поразот на Трамп на изборите во 2020 година. Потоа, тврдењето на тогашниот претседател дека неговиот пораз е резултат на измама поттикна илјадници следбеници да упаднат во американскиот Конгрес.

Околу 68 отсто од испитаниците во онлајн анкетата, поточно 83 отсто од демократските поддржувачи и 65 отсто од републиканците, рекле дека се согласуваат со изјавата дека се загрижени дека екстремистите ќе прибегнат кон насилство доколку не се задоволни од исходот на изборите.

На севкупно ниво, 15% од испитаниците не се согласуваат со таа изјава, а 16% не биле сигурни. Во неодамнешните интервјуа, Трамп го повтори своето несогласување со изборните резултати и на предизборните митинзи ги карактеризираше демократите како измамници.

Надвор од њујоршката судница, каде што се одржува неговото судење за плаќање пари на порно ѕвезда со која наводно имал афера, неговите колеги републикански функционери повторија дека му биле украдени изборите во 2020 година.

Анкетата е во голема мера во согласност со слично истражување спроведено во октомври 2022 година, непосредно пред конгресните избори, кое покажа дека 64% од Американците се загрижени за екстремистичкото насилство.

Треба да знаете
Последни објави