Search

Како ќе се подели „колачот“ во коалицијата ВРЕДИ?

Откако е веќе извесно дека коалицијата ВРЕДИ станува дел од новата Влада заедно со ВМРО-ДПМНЕ во јавноста излегуваат и информации за тоа кои ресори ќе ги добие коалицијата ВРЕДИ.

Според пишувањата на телевизија 21 договорот за ресорите е веќе направен а направена е и поделбата на функционерски места внатре во коалицијата ВРЕДИ.

Според телевизијата, партијата Демократско движење на Изет Меџити би добила прв вицепремиер во Владата, министер за екологија како и заменици министри во Транспорт и врски и во МВР.

Крилото на Арбен Таравари ќе го добие министерството за здравство иако лидерот утрово кажа дека не знае дали тој би бил повторно министер, а оваа партија би го добила и местото вицепремиер за добро владеење, како и заменици министри во ресорите одбрана и земјоделство.

Алтернатива на Африм Гаши би го добила спикерското столче во Собрание, како и вицепремиер за евроинтеграции и заменик министер за образование и наука.

За БЕСА на Билал Касами предвидени се министерските позиции во Економија и труд и социјална политика, како и заменик министер за култура.

Што од ова ќе се оствари, ќе видиме во втората половина на јуни кога, како што брифираат извори од ВМРО-ДПМНЕ би се формирала новата влада.

Треба да знаете
Последни објави