Search

МЗТ Скопје лесно до шестиот трофеј во Суперкупот

Кошаркарите на МЗТ Скопје го освоија шестит трофеј во Суперкупот во клупската историја откако вечерва во СРЦ „Кале“ релативно лесно и убедливо го совладаа тимот на Феникс (76-54).

Аеродромци ја освоија двојната круна минатата сезона, поради што во пресметката за овој трофеј го имаа финалистот од Купот на Македонија, кој имаше сили за отпор само во првите 17 минути. Феникс беше во игра за евентуална победа до пред крајот на првото полувреме, кога ги имаа највисоките плус четири (25-29).

Првенствената сезона, пак, официјално почнува следниот викенд со средбите од воведното коло од Првата лига. Повторно ќе се игра без Суперлига, со плејоф со осум екипи, а промена е што сите рунди од доигрувањето ќе се играат до три победи, за разлика од досега кога по овој систем се играше само финалето.

Треба да знаете
Последни објави