Search

Гори познат облакодер во Судан

За време на тешките борби меѓу армијата и противничките сили во Судан, избувна пожар во неколку згради. На видеата кои вчера се појавија на социјалните мрежи се гледа како гори познатата кула на нафтената компанија Greater Nile Petroleum во Картум.

Облакодерот од 18 ката се наоѓа во близина на реката Нил и е една од најпрепознатливите знаменитости во главниот град на Судан.

Засега не се знае што точно го предизвикало пожарот во кулата со стаклена фасада. Нема извештаи за повредени или загинати, пишува Би-Би-Си.

Треба да знаете
Последни објави