Search

Серхи Роберто ќе потпише нов договор со Барселона

Капитенот на Барселона, Серхи Роберто ќе потпише нов договор со каталонскиот клуб.

Чави Ернандез им кажа на спортскиот директор Деко и претседателот Жоан Лапорта дека Роберто има огромно влијание врз младите играчи, дека е вистински лидер и е многу важен како играч во ротацијата.

Роберто е дете на клубот и многумина со години сакаа да го видат надвор од Барселона, но Чави го штити и го сака во тимот.

Навивачите и јавноста се поделени, мислат дека е време за промена на генерациите, иако Роберто има намалена улога на теренот како некогаш Жерар Пике и Џорди Алба.

Но, Роберто во неколку наврати прифаќаше намалување на платата, практично сега заработува пет пати помалку од пред три години, што е уште една причина за продолжување на договорот.

Роберто е свесен дека нема да игра многу, но не се гледа себеси надвор од Барселона, каде ја помина целата своја кариера.

Треба да знаете
Последни објави