Search

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката

Во Собранието беше доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката.

Добитници на државната награда „Гоце Делчев“ годинава се проф. д-р Роберт Хадсон и проф. д-р Иван Додовски за делото „Долга транзиција на Македонија:од независноста до Преспанскиот договор и потоа“ и д-р Ана Мартиноска и м-р Жарко Иванов за делото „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г.“ – од архивските материјали на Васил Хаџиманов.

Наградата „Гоце Делчев“ првпат беше доделена во 1949 година, а прв добитник беше истакнатиот македонски книжевен културен работник академик поет прозеист есеист Блаже Конески.

Треба да знаете
Последни објави