Search

Напад во близина на Париз: Едно лице загина, неколку се повредени

Едно лице загина во текот на претходната ноќ, а неколку се тешко повредени во напад на вооружено лице во Сен Сен Дени, сиромашно гратче во источниот дел на Париз, пренесоа француските медиуми.

Инцидентот се случил околу полноќ, според веб-страницата Actu 17, додека агенцијата Франс прес објави дека четири лица се повредени од огнено оружје, а еден од нив починал.

Повредените се префрлени во блиските болници во реонот на Париз.

Онлајн телевизијата БФМТВ објави дека инцидентот се случил на паркингот, каде едно лице излегло од возилото, отворило оган со оружје и потоа побегнало.

Тамошното обвинителство отвори истрага за убиството.

Треба да знаете
Последни објави