Search

Канатларовски избираше за дуелите со Шведска и Холандија

Македонската фудбвалска репрезентација за играчи до 21 година ќе почне нов квалификациски циклус за настап на ЕП-2025 чија завршница ќе биде во Словачка. На 8 септеври македонските надежи ќе гостуваат во Јенчепинг против Шведска, а три дена подоцна во Скопје ќе ја пречекаат Холандија.

На списокот од селекторот Драги Канатларовски – Цапар за овие дуели се најдоа следните фудбалери:

Голмани: Марко Алчевски (А.П. Брера), Иван Николоски (Победа), Стефан Митрев (Кожуф), одбрана: Марио Ричков (Шкупи), Стефан Деспотовски (Работнички), Андреј Стојчевски (Жилина), Решат Рамадани (Динамо Киев), Виктор Крстевски (Гостивар), Методи Максимов (Шкендија), Михаил Димитриевски (Брегалница), Кристијан Тасевски (Аугсбург).

Средниот ред: Мартин Талаков (Подбрезова), Иван Николов (Сондерјиске), Хамза Рамани (Шкупи), Алекс Златков (Шкупи), Димитар Тодоровски (Работнички), Ване Крстевски (А.П. Брера), Берат Калкан (Касимпаша), Бехар Фета (Марибор), Матеј Ангелов (Работнчки), Лука Станковски (Газиантеп), напад: Марио Илиевски (Кишварда), Филип Трпчевски (Хакен) и Луан Абази (Шкупи).

-Започнуваат квалификациите за пласман на ЕП 2025. Претходниот период се подготвувавме навистина многу добро и со големо внимание и нетпрение го очекуваме стартот на овие квалификации. На списокот се повикани фудбалери кои во изминатава година покажаа голем квалитет и континуитет. На списокот се најдоа сите фудбалери кои заслужија повик и кои редовно настапуваат во своите клубови. 

Се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам и ќе успееме да оствариме позитивни резултати во овие квалификации. Фудбалерите мора да веруваат во себе, треба да бидат подготвени за борба и да дадат сѐ од себе за дресот со државен грб. Најпрво треба да се фокусираме на првиот натпревар, на гости против силната Шведска, а потоа ќе мислиме и на дуелот со Холандија во Скопје. 

Одигравме дванаесет контролни натпревари, во кои одлично се запознавме со карактеристиките на играчите и ја одредивме формацијата и тактитката за претстојните дуели. Одлично функционираме како тим и се надевам дека ќе го продолжиме трендот на позитивни резултати во воведните кола од овој квалификациски циклус, порача Канатларовски. 

Треба да знаете
Последни објави