Search

Манчестер сити доби ултиматум за трансфер на Гвардиол

Преговорите меѓу германскиот фудбалски бундеслигаш Лајпциг и англискиот премиерлигаш Манчестер сити за трансфер на хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол сè уште траат. Англискиот првак Манчестер сити за комплетирање на истиот доби ултиматум.

Германскиот клуб за 21-годишниот Гвардиол бара обесштетување од 100 милиони евра и постави краен рок за реализација на трансферот до 12 август и финалето на Суперкупот против минхенски Баерн, пренесуваат денеска британските медиуми.

Сити го означи Гвардиол како едно од своите примарни засилувања ова лето, но клубовите сè уште преговараат околу структурата на договорот за кој се очекува дека ќе постави нов светски рекорд за дефанзивен играч.

Најскап дефанзивец во историјата на светскиот фудбал во моментов е англискиот репрезентативец Хари Мегваер кој дојде во Манчестер јунајтед во 2019 година од Лестер за 87 милиони евра. 

Треба да знаете
Последни објави