Search

Баер Леверкузен се рехабилитираше со трофеј во Купот на Германија

Новиот фудбалски шампион во Германија, Баер Леверкузен ја потврдија одличната сезона со освојувањето на националниот Куп. Во завршниот меч од ова натпреварување, „фармацевтите“ ја оправдаа фаворитската улога и го совладаа второлигашот Кајзерслаутерн (1:0). Баер Леверкузен собра сили по разочарувачкото финале со Аталанта во Лига Европа и се избори за триумф во Берлин, иако од финишот на првото полувреме играше со играч помалку по исклучувањето на Косону. Решавачкиот момент се слуќи во 16 минута со погодок на Џака кој на крајот беше решавачки за победа. Така Баер Леверкузен ја заокружи оваа историска сезона со два трофеи и само еден пораз (од Аталанта) што е неверојатен учинок на тимот од „Бај Арена“.

Треба да знаете
Последни објави