Search

Над 1000 дрвја во Загреб откорнати од невремето

-Откорнати се и паднати над 1.000 дрвја во Загреб, информираше градоначалникот на главниот град на Хрватска, Томислав Томашевиќ, посочувајќи дека приоритет во расчистувањето се дрвјата што ги блокираат коловозите и тротоарите. Се додека тоа не се реши, додал, службите нема да се занимаваат со парковите.

-Ги замолувам граѓаните деновиве да не посетуваат гробишта доколку не мораат. Истото го кажавме и за парковите – изјави Томашевиќ, пренесуваат хрватските медиуми.

Тој додаде дека невремето предизвикало сериозни штети на шест трамваи и девет автобуси и
апелираше до граѓаните повеќе да го користат јавниот превоз, а помалку автомобилите за да го олеснат функционирањето на итните служби кои од вчера се закрчени, бидејќи од почетокот на невремето имале примено 11.000 позиви.

Треба да знаете
Последни објави