Search

Грција „увезува“ работници од Египет

Грција годинава ќе почне да носи работници од Египет за привремено ангажирање на земјоделски работи, врз основа на договорот меѓу двете земји, чија цел е да се реши проблемот со недостигот на работна сила.

Ова денеска го соопшти Министерството за миграција во Атина.

Се проценува дека грчката економија годинава ќе оствари раст од речиси три отсто, додека во земјите од еврозоната се очекува овој раст да изнесува во просек 0,8 отсто.

Заминувањето на работниците за време на повеќегодишната економска криза, намалувањето на населението и строгите правила за мигранти ја доведоа Грција во ситуација кога и требаат десетици илјади работници во земјоделството, туризмот и градежната индустрија.

Врз основа на договорот со Египет од 2020 година, Грција ќе донесе околу 5.000 сезонски работници.

Двете земји размислуваа и за проширување на тој план во градежната индустрија и туризмот, соопшти грчкото Министерство за миграција.

Треба да знаете
Последни објави