Search

Доаѓа новиот „Господар на прстените“

Ворнер Брос најави дека доаѓа новиот филм „Господар на прстените“.

Извршниот директор Дејвид Заслав рече дека компанијата е „сега во раните фази на развој на сценариото“ за новите филмови „Господар на прстените“, за кои вели дека „се очекува да бидат објавени во 2026 година“ и дека ќе „истражуваат приказни што допрва треба да се кажат. “

Работниот наслов на филмот е „Lord of the Rings: The Hunt for Gollum“, а главната улога и режија на филмот ќе ја има Енди Серкис.

Заслав вели дека режисерот Питер Џексон и неговите долгогодишни сценаристи Фран Волш и Филипа Бојенс „ќе бидат вклучени на секој чекор“, пишува Холивуд Репортер. Бојенс и Волш ќе го напишат сценариото. Договорот опфаќа два филма од франшизата. „Чест и привилегија е да се вратиме во Средната Земја со нашите добри пријатели и соработник Енди Серкис, кој има незавршена работа со Голум, рекоа Бојенс и Волш.

Треба да знаете
Последни објави