Search

Си Џинпинг му подари скулптури на Вучиќ кои го симболизираат кинеско-српското пријателство

За време на официјалната посета на Белград, кинескиот претседател Си Џинпинг на српскиот претседател Александар Вучиќ му подари скулптури на Небесниот храм во Пекинг и Храмот на Свети Сава изработени од челик. Фотографија на Си Џинпинг и Вучиќ во присуство на нивните сопруги кои ги гледаат подароците беше објавена на интернет од страна на помошничката министерка за надворешни работи на Кина, Хуа Чунјинг, а пренесена од Спутник. Таа во најавата наведе дека на скулптурите се претставени небесниот храм во Пекинг и храмот Свети Сава во Белград, кои го симболизираат кинеско-српското пријателство.

Треба да знаете
Последни објави