Search

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Санкт Петербург: Автобус со патници слета во река, има загинати

Четири лица загинаа, а четворица се во бессознание, откако патнички автобус со околу 15 патници слета денеска од мост во реката Мојка во рускиот град Санкт Петербург.

Возачот е приведен и против него е поведена кривична постапка, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти дека спасувачите ги извлекувале повредените патници од реката.
На сите повредени во несреќата на автобусот што слета во реката во Санкт Петербург ќе им биде укажана потребната помош, соопшти градскиот сообраќаен комитет, пренесе РИА Новости.

На снимката објавена од властите се гледа како автобусот нагло се врти пред да излета низ оградата на мостот, да падне во реката и да биде речиси целосно потопен во водата.

Обвинителството во Санкт Петербург покрена истрага за несреќата.

Треба да знаете
Последни објави