Search

Ван дер Сар останува во болница во Сплит, но не е во животна опасност

Добри вести пристигнуваат од Сплит за здравствената состојбата на легендарниот холандски голман Едвин ван дер Сар, откако итно беше хоспитализиран на КБЦ во Сплит поради сомневање за мозочен удар.

Тој се пожалил на силни главоболки, по што сопругата веднаш повикала брза помош, а навремената лекарска интервенција придонела состојбата на Ван дер Сар да се стабилизира. Како што информира весникот „Спортске Новости“, Холанѓанецот не се наоѓа во животна опасност иако било утврдено дека дошло до крвавење во пределот на мозокот.

Точната дијагноза поставена од лекарите придонела проблемот навремено да биде саниран и да не дојде до дополнителни компликации. Докторите инсистираат Ван дер Сар да остане во клиниката во Сплит уште неколку дена, за да бидат извршени детални прегледи пред да биде пуштен на домашно лекување.

Треба да знаете
Последни објави