Search

Дамјан Стојановски е МВП во финалната серија за шампион на Македонија

Трофејот за најкорисен играч  МВП, кој го додели Перо Антиќ, претседателот на Македонската кошаркарска федерација, вечерва отиде во рацете на капитенот на победничката екипа на МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Стојановски.

Предводникот на ново-стариот шампион, имаше константно добри игри во текот на финалето, во голема мерка од неговата игра зависеа оние почетни две победи, реализирани во СЦ „Јане Сандански“, каде предизвикувачот, екипата на Пелистер, беше и (нај) блиску до изненадување.

Неговата најобра игра беше на премиерниот меч од серијата, кога реализираше 16.поени, пет скока и две асистенции. На онаа наредната пак Стојановски дојде до 23 индексни поени, најмногу во својата екипа откако на 13.поени додаде и шест скока, односно четири успешни додавања.  

По петти пат најкорисен во едно големо финале на македонската клупска кошарка, уште еден момент за историја!

Треба да знаете
Последни објави