Search

Уапсен маж кој од воздушна пушка застрела момче во парк во Белград

Полицијата во Белград идентификуваше и приведе мажот (66) кој е осомничен дека синоќа околу 19 часот и 15 минути повредил единаесетгодишно момче пукајќи од воздушна пушка.

Се сомнева дека од прозорецот на станот во кој живее тој со воздушна пушка пукал во момче кое било во блискиот парк.

Единаесетгодишното момче било згрижено во Институтот за мајка и дете во Белград.

Полицијата во соработка со надлежното обвинителство ги презема сите мерки и дејствија за утврдување на сите околности и факти за овој настан.

Треба да знаете
Последни објави