Search

Дебакл на „Олд Трафорд“: Македонија го запиша најубедливиот пораз во историјата

Македонската фудбалска репрезентација го забележа вториот пораз во квалификациите за Европското првенство 2024 во Германија и свој најтежок во историјата, откако загуби од Англија со 7:0 на „Олд Трафорд“ во Манчестер.

Напаѓачот на Арсенал, Букајо Сака, постигна хет-трик за само 13 минути, двоен стрелец беше Хари Кејн, а Рашфорд и Филипс по еднаш го совладаа Димитриевски.

Три дена по поразот од Украина во Скопје, Македонија беше целосно инфериорна на натпреварот во Манчестер и ниеднаш не се закани по голот на домаќините.

До овој меч, најголемиот пораз на Македонија беше 1:6 од Чешка во 2005 година.

Треба да знаете
Последни објави