Search

Кисела Вода ја рехабилитира улица “Локов” 

Започна санацијата на улица “Локов” во населбата Кисела Вода. Се работи на реахабилитација на коловозот на површина од околу 1600 квадратни метри. Истиот пред само неколку години беше саниран, но поради неквалитетната изведба за кусо време се појавија видливи оштетувања кои го отежнуваат и моторниот и пешачкиот сообраќај. Градоначалникот Ѓорѓиевски изврши увид во почетокот на градежните активности кои опфаќаат и санација на двата паркинга, чија површина е по 570 квадратни метри и кои не биле обновени околу 25 години. Ќе биде изведена и нова пешачка патека долга 70 метри. Рехабилитацијата на улицата Локов се очекува да заврши за околу 10 дена.

Треба да знаете
Последни објави