Search

ЈСП Скопје утре ќе вози по неделен распоред

Утре е неработен поради одржувањето на двојните избори во земјава, втор круг од претседателскиот и парламентарни. Поради тоа јавниот превоз во Скопје ќе биде организиран според неделен возен ред. -Ве информираме дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а Жичницата нема да работи, соопштија од ЈСП. Дежурни билетарници во периодото од седум до 14 часот ќе бидат кај Транспортен центар и во Ѓорче Петров.

Треба да знаете
Последни објави