Search

Првата пратка помош до пловечкото пристаниште во близина на Газа го напушти Кипар

Првата пратка хуманитарна помош за Газа го напушти пристаништето Ларнака на Кипар.

Кипарскиот министер за надворешни работи Константинос Комбос изјави дека американскиот брод испловил од пристаништето Ларнака со цел да пренесе колку што е можно повеќе неопходна помош во Газа по морски пат до новоизграденото пловечко пристаниште, пренесе АП.

Американскиот претседател Џо Бајден нареди изградба на големо пловечко пристаниште на неколку километри од брегот на Газа пред околу два месеци.

Светската здравствена организација соопшти дека недостигот на гориво за медицински операции во јужниот дел на Газа веќе принудил да се затвори една од трите преостанати болници во градот Рафа.

Граничниот премин Рафа со Египет е затворен откако израелската армија во вторникот наутро ја презеде контролата врз палестинската страна, блокирајќи го влезот на очајно потребната хуманитарна помош.

ОН објавија дека северниот дел на Газа веќе е во состојба на „тотален глад“.

Поради војната во Газа, околу 80 отсто од 2,3 милиони жители беа принудени да ги напуштат своите домови.

Бројот на загинати во Газа се искачи на повеќе од 34.500, според локалните здравствени власти.

Треба да знаете
Последни објави