Search

​Намалување за 50 проценти на комуналиите за изградба на индивидуални домови во населбите Лисиче и Горно Лисиче

Општина Аеродром продолжува со финансиската поддршка и помош за граѓаните на Аеродром. Носиме одлуки кои носат директен бенефит за аеродромци. На последната седница, Советот на Општина Аеродром усвои предлог иницијатива, со која од Град Скопје се бара намалување за 50% на надоместокот за уредување земјиште за изградба на објекти за и͟н͟д͟и͟в͟и͟д͟у͟а͟л͟н͟о͟ д͟о͟м͟у͟в͟а͟њ͟е (куќи)͟ ͟во населените места во Лисиче. Иницијативата го опфаќа реонот на населбата Лисиче и Горно Лисиче на улиците Ѓорѓи Капчев и Тодор Чангов.
Усвоената предлог-иницијатива ќе биде доставена до Советот на Град Скопје и Градоначалникот на Град Скопје за понатамошно усвојување. Имајќи предвид дека истата значи сериозно финансиско олеснување за граѓаните, апелираме до Советот на градот во најкраток временски период да ја разгледа и усвои истата. 
Одлуката на советот е уште една потврда за нашата грижа за граѓаните во услови на економска криза. Општина Аеродром во континуитет презема мерки со кои овозможува директна финансиска помош и поддршка на граѓаните. По прифаќањето на одлуката од страна на Градот Скопје, граѓаните на овој дел од општина Аеродром, при изградба на индивидуалните објекти (куќи) ќе плаќаат комуналии кои ќе бидат за 50% пониски од актуелните.

Треба да знаете
Последни објави