Search

Халанд испиша историја против Арсенал, го урна рекордот на Салах, на чекор од Кол и Ширер

Се играше петтата минута од судиското надополнување кога Ерлинг Халанд ја искористи асистенцијата на Фил Фоден, ја затресе мрежата и ги постави конечните 4:1 против Арсенал.

Тоа беше 33-от првенствен гол на норвешката машина, што би значело дека Халанд испиша историја во средата на „Етихад“ и го собори рекордот во Премиер лигата по бројот на постигнати голови ако ги погледнеме сезоните кои броат 38 натпревари.

Во својата дебитантска сезона на островот, овој фантастичен напаѓач го престигна Мохамед Салах, кој постигна гол помалку во сезоната 2017-18.

За да стане апсолутен рекордер, Ерлинг ќе мора да ги победи Ендрју Кол и Алан Ширер, кои ја погодија мрежата по 34 пати во сезоните во кои во нивно време беа вклучени 22 клуба и одиграни по  42 натпревари. На Халанд му преостануваат уште седум натпревари за тој подвиг…

Треба да знаете
Последни објави