Search

Тухел: Инцидентот со Мане не смееше да излезе во јавноста

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел зборуваше за Садио Мане и сериозниот инцидент кој се случи во вторникот.

Германските медиуми објавија дека Садио Мане го удрил Лерој Сане по убедливиот пораз од Манчестер Сити (0:3) во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Сенегалецот е суспендиран, ќе биде казнет и нема да може да игра на саботниот натпревар од Бундеслигата против Хофенхајм. Баерн го казни Мане со рекордна казна, кога е во прашање Бундес лигата. танува збор за сума од 500.000 евра.

„Тоа беше тежок инцидент, со Садио се познавам долги години, тој е врвен професионалец. Никогаш немал ваков инцидент. Тој е фокусиран на фудбалот и ја има мојата целосна доверба. Секој има право на грешка“, изјави Томас Тухел на прес-конференцијата пред натпреварот со Хофенхајм.

Тренерот на Баерн вели дека клубот ја решил ситуацијата.

„Мане е суспендиран, нема да игра против Хофенхајм и ќе биде казнет. Не знам каде ќе завршат тие пари, тоа ќе го одлучат клубот и играчот. Тоа не ми е најголем приоритет. Важно е што Мане се извини и тренираше со тимот. Му верувам“.

Тухел жали што овој инцидент стана јавен.

„Би било убаво работите што се случуваат во соблекувалната да останат внатре. Секако дека не толерираме такви работи, но не ни требаат такви ситуации за да докажеме дека функционираме како тим“.

Треба да знаете
Последни објави