Хјуман рајтс воч: Руските сили незаконски апселе и измачувале жители на Херсон

Руските сили незаконски приведувале и измачувале жители на Херсон и околината за време на окупацијата на таа област во периодот меѓу март и ноември 2022 година, објави меѓународната организација за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ), цитирајќи нови докази.

„Руските окупаторски сили извршија ужасни измачувања и други злоупотреби врз жителите на Херсон“, вели Јулија Горбунова, висок украински истражувач во ХРВ.

Во последниот извештај создаден врз основа на сведоштвата на 34 лица објавен денеска, ХРВ утврдил дека луѓето биле измачувани во притворската зграда на улицата „Теплоенерхетикив“ во Херсон, која локалните жители ја нарекуваат „дупка“,во затворот на во Перекопската улица, како и во импровизирани објекти во зградите на општинската администрација, во едно селско училиште и во еден аеродромски хангар.

Жителите на Херсон кои сведочеле за малтретирањето посочиле дека тоа вклучувало претепувања со стапови и гумени палки, измачување со струја, закани со смрт или осакатување и употреба на болни пози под стрес, посочува ХРВ, додавајќи дека на приведените не им била укажана соодветна медицинска нега.

Треба да знаете
Последни објави