ВМРО-ДПМНЕ: Најголема услуга за европската интеграција на Македонија ќе биде ако СДС криминална си замине од власт веднаш 

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска

СДС е криминално здружение, кое нема ништо заедничко со ЕУ.

Срамота е зборот демократија да се стави во иста реченица со СДС.

Партијата која има за претседател човек како Ковачевски кој од позиција на премиер го турка неговиот прв заменик Груби да потпише продажба на државно земјиште за сопругата, чиј кум го шири бизнисот кој заедно го основале во време на СДС, не може да биде партија која ќе ја внесува Македонија во ЕУ.

СДС нема демократски капацитет. Тоа е партија која е во коалиција со криминалец како Груби, кој додека тој е вицепремиер неговиот брат купува дуќан на улица „Македонија” за 700 евра по м2, што е 5 до 7 пати пониско од реалната цена за тој простор.

СДС е партија која го има Оливер Спасовски, во чиј мандат се случуваат убиства кои не се расчистуваат со години, се краде оружје од полициски депоа и не се наоѓаат сторителите.

СДС е партија која како вицепремиер за евроинтеграција го има Бојан Маричиќ, кој единствено што се потрудил е да направи дебела сметка за ручеци и летови.

Најголема услуга за европската интеграција на Македонија ќе биде ако СДС криминална си замине од власт веднаш. 

Треба да знаете
Последни објави