Search

Влазници за дуелот Ц.Гора – Србија на црно се продаваат до 500 евра, а се очекува до пред почетокот на мечот да чинат и 5.000 евра !

Во рамките од второто коло во квалификациите за Европското фудбалско првенство, во групата Г вечерва (20.45 ч.) во Подгорица ќе се одигра балканското дебри помеѓу Црна Гора и Србија. Двете селекции имаа победнички старт во овој квалификациски циклус. Црна Гора на гости ја совлада Бугарија (0:1), а Србија како домаќин пуспешна беше од Литванија (2:0). Овие две слекции се водечки во групата, каде уште настапува и Унгарија.

Интересот за натпреварот во Подгорица предизвика голем интерес, па влезници во официјална продажба повеќе нема. Во вакви ситуации на недостаток на влезници се појавуваат препродавачите кои сакаат брзо добро да заработат со препродажба на влезници на црно.

Така на социјалните мрежи се појави оглас во кој цената за билетите за оваа средба достигнува и до 5.000 евра, зависи кога би се купиле билетите, пренесуваат тамошните медиуми.

„Цената на билетите е 499 евра. Заинтересираните нека се јават во инбокс. До полноќ цената ќе биде 999%. Како што ќе се доближува почетокот на натпреварот цената ќе расте и до 4.999% евра, па така препорачувам на сите заинтересирани да се јават и да уживаат во магијата на Јовиќ, Савиќ, Тадиќ, Влаховиќ, Митровиќ и останатите“, стои во огласот.

Редовната цена на влезниците била 5 евра !

Треба да знаете
Последни објави