Search

Ново разочарување од Ѓоковиќ пристигна од турнирот во Женева

Првиот светски тениски рекет Србионот Новак Ѓоковиќ останува без настап во финале во 2024 година. Ноле уште еднаш ги разочара своите навивачи со пораз во полуфиналето на турнирот од серијата 250 во Женева. Чехот Јиржи Махач го порази Ѓоковиќ со 6:4, 0:6, 6:1. Српскиот тенисер оваа сезона не игра на своето препознатливо ниво. Три полуфиналиња на Австралија опен, во Монте Карло и во Женева, не се резултатите на кои е навикнат Новак, кој во лоша форма ќе пристигне во Париз, каде в понеделник ќе започне вториот гренд-слем сезонава, Ролан Гарос, каде Ѓоковиќ ќе ја брани титулата. Чехот Јиржи Махач ја забележа најголемата победа во кариерата. Ги искористи сите грешки и подароци што му ги сервираше Ѓоковиќ. Ѓоковиќ имаше комтни 4:1 во првиот сет кога влезе во „црна дупка“, Махач освои пет гема во низа и го освои првиот сет. Во вториот се „појави“ вистонскиот Ѓоковиќ, го збриша противникот со 6:0, за во третиот повторно да падне во летаргија. Го освои првиот гем, а потоа Махач доби шест гема во низа и се пласира во финалето.

Треба да знаете
Последни објави