Search

Затвореник истепал полицаец во затворот Идризово

Вчера во 22.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.30 часот во амбулантското одделение во Казнено поправната установа Затвор-Идризово Скопје, полициски службеник додека извршувал службени дејствија бил физички нападнат од З.П., осуденик во установата.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави