Search

(Видео) Тепачка меѓу навивачи на Панатинаикос и Фенербахче во Берлин пред полуфиналната пресметка од Евролигата

Пред првото полуфинале во кошаркарската Евролига, кое почна од 18 часот меѓу Панатинаикос и Фенербахче, на улиците на Берлин дошло до општа тепачка.
Како и претходните денови дојде до конфликт меѓу две навивачки групи, доста бројни на овој фајналфор. Инцидентите се случиле пред „Убер арена“ каде се одржува завршниот турнир. Полицијата имала има полни раце работа. Има повредени, но и уапсени, но нивниот број не е познат. Исто така, од местото на настанот пристигнуваат информации дека голем број турски навивачи сакале да влезат во салата без билет.

Треба да знаете
Последни објави