Search

Состојбата на Фицо е стабилна, забележително е благо подобрување, велат од болницата

Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо по минатонеделниот атентат е стабилна со благо подобрување, соопштија денеска од болницата каде што е сместен Фицо.

„Состојбата на премиерот е стабилна со благо подобрување. Веруваме дека напредокот ќе продолжи“, соопшти болницата на платформата Х (Твитер)

Фицо минатата среда беше застрелан од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.

Словачкиот премиер во тешка состојба беше пренесен во болницата каде му беше извршена операцијa.

Треба да знаете
Последни објави