Search

Конте:Не мислам да си заминам, но можеби ќе добијам отказ

Милан по пауза од 11 години повторно е дел од четвртфиналето во Лигата на шампиони, а тоа е благодарение на елиминацијата на Тотенхем. По двата меча, Милан победи со вкупни 1:0, благодарение на голот постигнат на првата средба на „Сан Сиро“.

Интересно е дека синоќешното реми во Лондон без голови е прв ваков резултат на дуел на кој Тотенхем е домаќин по пауза од пет и пол години. Тотенхем кога бил домаќин немаше одиграно 0:0 на 147 натпревари по ред, во сите натпреварувања. Таа низа сопре по дуелот со Милан, а овој резултат беше разочарувачки за англискиот тим.

По мечот, тренерот на Тотенхем, Антонио Конте најави дека не планира да даде отказ од функцијата.

-Тешка ноќ, сакавме да го направиме најдоброто и да одиме во следната фаза. Моите играчи се бореa од почеток до крајот и дадоа се од себе. Внимававме на нашиот гол затоа што ако примевме гол ќе беше уште потешко. Разочарувачки е да бидете елиминирани, разликата во двомечот е што Милан беше пооапсен во офанзива. Мојот договор со клубот истекува во јуни, но можеби ќе бидам избркан и пред овој период. Можеби во клубот се разочарани од мене. Ќе видиме што ќе се случи“, рече Конте.

Треба да знаете
Последни објави