Фрустрираниот Нејмар објави фотка од повредениот глужд: „Повторно и повторно“

Нејмар на социјалните мрежи објави фотографија од ногата по повредата со која се здоби на натпреварот против Лил (4:3) во 24. коло од францускиот шампионат. По натпреварот се дозна дека на напаѓачот му е дијагностицирано истегнување на глуждот.

„Повторно и повторно“, искоментира фрустрираниот Бразилец на фотографијата.

Потсетуваме, Нејмар ја заработи истата повреда на Светското првенство во Катар, а во текот на кариерата често му се оштетуваше скочниот зглоб.

Нејмар ќе ги помине вторите лекарски прегледи за 48 часа. Според Le Parisien, 31-годишниот напаѓач би можел да паузира до три недели. Јасно е дека Нејмар најверојатно нема да игра за ПСЖ во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Баерн на 8 март.

Треба да знаете
Последни објави