Арсенал по пресврт славеше против Вила

Фудбалерите на Арсенал ја прекинаа серијата од три меча без победа во Премиер лигата и денеска по големиот пресврт и одличната партија ја победија Астон Вила со 4:2 на гостински терен.

Виља денеска водеше со 1:0 и 2:1, Арсенал двапати доаѓаше до израмнување, а потоа во третата минута од судиското надополнување Жоргињо шутираше од околу 20 метри, топката ја затресе гредата, па го погоди голманот Емилијан Мартинез во глава и заврши во мрежата за водство на тимот од Лондон 3:2.

Пред последниот судиски свиреж, Астон Вила со сите играчи отиде да израмнува на 3:3, но наместо тоа, се отвори контра по која Мартинели ја погоди празната мрежа за конечни 2:4 во 98-та минута.

Тимот од Лондон сега има три бода повеќе од Манчестер сити како предводник на премиерлигашкиот карван.

Треба да знаете
Последни објави