Анчелоти: Бараме квалитетна замена за Бензема

Тренерот на фудбалскиот гигант Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изјави дека на актуелниот шпански првак му е неопходен квалитетен напаѓач, кој би требало да биде замена за 35-годишниот Карим Бензема.

Реал синоќа триумфираше на домашен терен против Елче (4-0) во рамки на 21 коло во Ла Лига, а Бензема два пати беше прецизен од белата точка и со 11 голови е на делба на второто место на листата стрелци во шпанското првенство.

„Мораме да размислуваме за нов напаѓач. Карим веќе не е момче, но ќе биде со нас и следната сезона. Имаме многу работа – Лигата на шампиони и шпанското првенство. Не знам дали Бензема ќе го продолжи договорот, но знам дека легендите на Реал мораат да останат во клубот“, рече Анчелоти.

Реал во Ла Лига е второпласиран на табелата со заостанување од осум бодови зад лидерот Барселона.

Избраниците на Анчелоти во неделата го освоија првиот трофеј оваа сезона, триумфирајќи на Светското клупско првенство во Мароко. 

Треба да знаете
Последни објави