Search

Евролигата посочи три причини зошто Црвена звезда не доби дозвола да го регистрира Кампацо

Евролигата ја казни Црвена звезда со забрана за пријавување на нови кошаркари до 28 февруари 2023 година. Тоа значи дека белградските „црвено-бели“ нема да можат да го пријават Факундо Кампацо до март и дека одличниот Аргентинец ќе ги пропушти следните девет натпревари во Евролигата, вклучувајќи го и „вечното дерби“ со Партизан на 27 јануари.

„Црвено-белите“ се казнети за неколку пропусти и прекршоци, а во официјалното соопштение на Евролигата јасно стои што е во прашање. Се наведува дека Црвена звезда им должи пари на играчите, како за оваа, така и за некои претходни сезони.

Исто така, се посочува дека клубот објавил неточни информации до Евролигата, а како посебна отежителна околност е земено тоа што Црвена звезда претходно беше двапати казнувана за слични прекршоци. Тоа не е сè, бидејќи оваа суспензија може да биде увертира за уште поголеми и посериозни санкции, па дури и за одземање бодови.

Од клубот најавија дека ќе се жалат на оваа одлука и дека ќе се обидат што поскоро да го пријават своето најново засилување, но како што стои во соопштението на Евролигата, тоа ќе биде можно само пред Судот за спортска арбитража во Лозана.

Треба да знаете
Последни објави