Search

Чеферин: Нема да ја исфрлиме Белорусија

Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Александар Чеферин ги отфрли критиките за одлуката дека, Белорусија да учествува во квалификациите за Европското првенство во 2024 година во Германија. УЕФА, поради војната во Украина од квалификациите ја исфрли репрезентацијата на Русија.

„Малку е популистичко да се бара протерување и на Белорусија. Во моментов не гледаме причина за тоа“, изјави Чеферин во интервју за „Билд“.

„Доколку работите се сменат, ние секако ќе реагираме. Политичарите треба да почнат да ги почитуваат нашите одлуки. Ние не им кажуваме на политичарите и владите што треба да прават“.

Неодамна, Фесер, германскиот министер за внатрешни работи, писмено до УЕФА побара не само Русија која води војна, туку и Белорусија, како клучен сојузник на Русија, да биде исклучена од сите меѓународни фудбалски натпревари.

На Белорусија и е дозволено да учествува на натпревари спонзорирани од УЕФА, но домашните натпревари мора да се играат надвор од земјата и без публика. На ждрепката за ЕП 2024, Белорусија беше извлечена во група заедно со Андора, Израел, Косово, Романија и Швајцарија.

Треба да знаете
Последни објави