Search

ПСЖ би го продал Мбапе за 400 милиони евра

Пари Сен-Жермен е подготвен да го продаде напаѓачот Кили јан Мбапе за 400 милиони евра, објави португалскиот инсајдер Антеро Хенрике на социјалните мрежи.

Според изворот, голем број клубови почнале да покажуваат интерес за 23-годишниот француски фудбалер по продолжувањето на договорот со парижаните.

Претходно беше објавено дека Мбапе сака да го напушти ПСЖ во јануари 2023 година. Напаѓачот се чувствува „изневерен” од раководството на францускиот тим. Една од причините за неговото незадоволство е позицијата на која настапува напаѓачот во тимот.

Мбапе оваа сезона одигра 13 натпревари за ПСЖ и постигна 12 гола. Неговиот договор со ПСЖ е до крајот на јуни 2025 година.

„Трансфермаркт” го цени играчот на 160 милиони евра

Треба да знаете
Последни објави