Search

Култхард „леташе“ по Белград со шампионскиот болид на Фетел, па заигра со трубачите

Белград попладнево уживаше во спектаклот на Ред Бул, а главна ѕвезда беше поранешниот Формула 1 возач Дејвид Култхард.

Шкотланѓанецот со громогласен аплауз излезе на предвидената патека во болидот со кој Себастијан Фетел во 2011 година стана светски првак.

Белграѓани овој спектакл го дочекаа со овации и аплаузи, а вистинското шоу започна кога Британецот излезе од возилото и заигра на звуците на српската труба.

Дејвид Култхард, во ерата на Михаел Шумахер, победни на 15 трки во Формула 1.

Треба да знаете
Последни објави