Search

Муслиу: Докажавме дека секого може да победиме, зошто да не и Бугарија!

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација втор ден е на собир пред почетокот на новото издание во Ц сегментот од Лигата на нации, кое ќе го почнат на 2 јуни со гостински натпревар против Бугарија во Разград. Потоа селедуваат уште два натпреавари со Гибралтар и еден со Грузија.

Во пресрет на новиот предизвика за „црвено-жолтите“ незаменливиот во одбраната Висар Муслиу е оптимист дека македонскиот државен тим може да приреди нова приказна со победнички крај. Иако е крај на сезоната, а пред репрезентативците се четири средби од Лигата на нациите, оптимизмот да демонстрираат квалитет и освојување на првото место во групата, кое носи бараж за пласман на Европското првенство во 2024 година, не ги напушта.

– Нормално дека е потребно освежување на тимот. После она што го поминавме во март, нормално е дека сите очекуваме да постигнеме што подобри резултати, а тоа значи да бидеме први и да го започнеме овој циклус во Лигата на нациите со победа. Штом селекторот не повика значи верува во нашите квалитети и тоа ни дава самодоверба,  а ние тоа треба да го потврдиме на терен. Докажавме дека знаеме да победуваме, зошто да не ја совладаме и Бугарија. Секој натпревар е нова историја. Желбата да се игра за репрезентацијата е поголема од потребата за одмор. 100% сум сигурен дека нашиот тим е поконцентриран за тренинзите и натпреварите, отколку на тоа да мисли за одмор -изјави Муслиу кој ова лето го очекува и потрага по нов клуб бидејќи неговиот Инглоштад испадна во третата германска лига.

Треба да знаете
Последни објави