Search

Проблем за ФИФА – Фудбалерите се заканија со тужба

Две здруженија на фудбалери се заканија дека ќе ја тужат ФИФА поради проширениот формат на Светското клупско првенство.

ФИФпро и Асоцијацијата на лигите, која е составена од 46 натпреварувања ширум светот (пет европски национални првенства и МЛС), не се согласуваат со одлуката на ФИФА да се одржи Светското клупско првенство во формат со 32 тима, кој би траел над 29 дена.

Овие две организации не дадоа нов датум за одржување на Мундијалот, но бараат овој предлог да биде разгледан на следниот конгрес на ФИФА.

Според одлуката на ФИФА, Светското клупско првенство треба да се одржи во 2025 година во проширен формат со 32 селекции, каде ќе се одиграат вкупно 63 натпревари.

Ќе бидат формирани осум групи со по четири тима, а најдобрите две од секоја група ќе продолжат во нокаут фазата.

На клупскиот Мундијал ќе учествуваат 12 екипи од Европа, шест од Јужна Америка, четири од Централна и Северна Америка и Африка и еден клуб од Океанија.

Треба да знаете
Последни објави